Единствениот македонски претставник на меѓународната ракометна сцена, Еурофарм Пелистер кој настапува во ЕХФ Европската лига, ја оствари втората победа.
Пелистерци на неутрален терен во Дортмунд, Германија, го совладаа украинскиот Мотор Запорожје со 33-20 во рамките од 4.коло на Д групата.
Интересно, пелистерци и втората победа ја остварија на гостински терен, откако во 2.коло славеа во Португалија кај Агуаш Санташ, додека двата меча на домашен терен со Архус и Фуксе Берлин ги загубија.
Сега Пелистер има 4 бодови како и екипата на Бидасоа која е трето рангирана пред нашиот тим, додека првите две позиции со по 8 бодови се фаворитите германскиот Фиксе Берлин и данскиот Архус, додека украинскиот и португалскиот тим сеуште немаат освоен бод.
Следените два меча Пелистер ќе ги играат против Бидасоа и тоа првиот на 6 декември на гости во Шпанија, а седум дена подоцна ќе биде домаќин во Битола.