На Светското првенство во кик-бокс, за кадети и јуниори. што се одржува во италијанскиот град Лидо Диесело, Македонија веќе обезбеди еден медал. 

За тоа се погрижи нашата јуниорка Јадранка Темелкова која настапува во категоријата до 56 килограми лоу-кик. 

Темелкова доминантно без загубен поен со 3-0 во четвртфиналната рунда ја победи хрватската претставничка Николе Булјан со што обезбеди пласман во полуфиналето, а со тоа и најмалку бронзен медал. 

– Таа е голема надеж во кикбоксот. Таа е пример како да се следат советите на тренерите во текот на борбата. Тоа повеќе од сигурно носи и резултати, вели  селекторот Дејан Митровски – Урко.

Темелкова утре ќе се бори за влез во финалето, а противничка ќе и биде врсничка од Босна и Херцеговина, Канита Муминовиќ