Дерби дуелот од последното коло во Втората кошаркарска лига им припадна на младите кошаркари на Работнички.

На средбата во ,,Градски парк” Работнички го совлада тимот на Соколи од Штип со 70-65 и од втората позиција на табелата ќе влезе во плејофот.

По израмнетата прва четвртина (18-18), домаќините во 15.минута за прв пат стигнаа до двоцифрена предност 31-21, за на полувреме да заминат со +17 (47-30).

Во второто полувреме гостите од Штип заиграа поангажирано во одбраната што донесе резултат и на 3.минути пред крајот стигнаа на само три негатива 57-54.

Немаа, сили Соколи да направат комплетен резултатски пресврт, па Работнички заслужено славеше победа со конечни 70-65.

Со овој триумф Работнички и Соколи ги заменија позициите на табелата на која дефинитивно прв ќе биде Вардар пред Работнички, Соколи, Ангели, па и Куманово.

За останатите три позиции што водат во плејофот ќе се борат четири екипи.

ВТОРА ЛИГА – ПОСЛЕДНО 22 коло
САБОТА
РАБОТНИЧКИ – СОКОЛИ 70-65
16.00 АНГЕЛИ – ВОДНО САНС
18.00 БОРЕЦ БАСКЕТ – ШКУПИ
НЕДЕЛА
13.00 ЦРН ДРИМ – МКК КУМАНОВО
14.00 ОХРИД – БАСКЕТ КАМ
17.00 ВАРДАР – МЗТ СКОПЈЕ У.Б