Два натпревари попладнево ќе видат одиграни во машката ракометна Супер лига, по што ќе следува репрезентативна пауза.
Во Охрид и Кавадарци денеска ќе се играат дуелите од 8.коло во плеј-оф конкуренцијата.
Дербито ќе биде во Охрид каде финалистот во ЕХФ Европската лига, ќе го пречека Вардар, новиот македонски шампион Вардарци со победата над Еурофарм пелистер во четвртокот, го потврдија шампионскиот статус. Црвено-црните се недостижни на првата позиција на табелата, со осум бодови повеќе од денешниот ривал Охрид.
Сепак денешниот дуел ќе се игра за престиж и за клупското реноме. Вардарци ќе сакаат триумф да ја потврдат доминацијата, а охриѓани да потврдат дека не случајно се во финалето на ЕХФ Европскиот куп.
Дрбито во „Билјанини извори“ ќе почне од 18 часот и ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇
Истовремено во Кавадарци ќе стартува и дуелот меѓу Тиквеш и Алкалоид.
ПЛЕЈ-ОФ ЛИГА (МАЖИ) – 8 КОЛО
ДЕНЕСКА
ОХРИД – ВАРДАР 18 ч.
ТИКВЕШ – АЛКАЛОИД 18 ч.
ВЧЕРА
ЕУРОФАР ПЕЛИСТЕР – БУТЕЛ 38-28
По овие натпревари ќе останат уште две кола до крајот, но претходно ќе има репрезентативна пауза. Имено македонската сениорска репрезентација утре ќе се собере во Скопје, каде ќе одработи мини подготовки за баражите со Словачка. Македонија ќе брка нов настап на Мундијалот следната година, а натпреварите ќе се играат на 14 мај во Прешов (19 часот), а реваншот е на 17 мај (19 ч.) во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.


































