Финалната серија во Првата македонска кошаркарска лига денеска ќа ја има својата кулинација.

Во струмица ќе се игра решавачкиот третиот натпревар од финалето кој ќе одлучи за шампионот, а со тоа и патник во Супер лигата следната сезона.

Струмица 2001 и Бутел имаат по една победа и влегуваат во пресметка со јасна цел – триумф за елитен статус.

Домашниот терен е голем адут за струмичани кои се во серија на успеси, но притисокот од финалето носи неизвесност до крај. Бутел веќе знае како да победи во салата „Никола Карев“, што им дава дополнителна самодоверба пред мечот.

Комплетираниот состав на гостите е плус за нивните амбиции, а изедначувањето на 1-1 ја направи серијата уште поинтересна.

Почетокот на натпреварот закажан во 18 часот, а ќе можете да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇

Следете нé на социјалните мрежи