Првата македонска фудбалска лига е во самиот финиш. До крајот на првенството остануваат уште три кола, а денеска може да го добиеме новиот шампион.
Фудбалерите на Вардар се на чекор 12-тиот трофеј првак на Македонија.
Вардарци имаат шест бодови повеќе од актуелниот првак тетовска Шкендија. Скопјани денеска пред своите навивачи играат против кратовски Силекс.
Во првата варијанта, Вардар до титулата доаѓа и со „реми“ против Силекс, но под услов Шкендија да загуби од Струга Трим Лум. Во втората, официјално Вардар ќе биде шампион, ако го победи Силекс, а Шкендија и Струга ТЛ одиграат нерешено. Дури и во случај Шкендија да слави, па на крајот двата тима да завршат со ист број бодови, вардарци се во голема предност. Тие во моментов имаат подобра гол разлика од +17 во однос на Шкендија.
Двата денешни натпревари што решаваат за титулата ќе почнат од 16 часот, термин во кој ќе се игра и дуелот во Битола. Останатите три на програмата се утре.
ПРВА ЛИГА – 31 КОЛО
Сабота 9 мај 16 часот
ВАРДАР – СИЛЕКС
ШКЕНДИЈА – СТРУГА Т.Л.
ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ
Недела 10 мај 16 часот
МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ
АРСИМИ – БАШКИМИ
АП БРЕРА – РАБОТНИЧКИ


































