Кошаркарките на Бадел 1862 се изборија за најмалку уште еден натпревар во финалето за шампионскиот трофеј против Крива Паланка. Баделки во неизвесен натпревар со драматична заврница победија со 71-69 и ја намалија предноста на противникот на 1:2 во победи.
Храбрата игра пред домашната публика донесе големо изненадување и најмалку уште еден натпревар во Скопје. Ива Чолакоска погоди решавачки кош на 2.1 секунди до крајот за конечна победа.
Фримен, Клири и Чолакоска комбинираа неверојатни 61 поен од вкупно 71 за Бадел, а ги одиграа сите 40 минути.
Фримен додаде осум скока и осум асистенции, Клири имаше 15 скока, а Чолакоска девет скока и три додавања. Атанасова придонесе со шест поени и шест скока.
Кај Крива Паланка, Робонсон постигна 30 поени со многу обиди од поле, додека Ниехуес имаше двоен ефект со 18 поени и 10 скока. Гостинките не успеаја да одговорат во последните моменти и серијата сега е 2-1 во нивна корист.
И следниот натпревар ќе се игра во Скопје.





































