Со двата натпревари одиграни попладнево во Кратово и Скопје отворена беше 30-тата рунда во Првата македонска фудбалска лига.
На дербито во Кратово, каде Силекс го пречека шампионот Шкендија, натпреварот заврши без победник 1-1, резултат на кој најмногу се радуваа вардарци.
Во 19.минута, по брзата контра на Красниќи, од левата страна, Нзенге се најде на вистинското место за водство на тетовци од 0-1. Само осум минути подоцна истиот фудбалери имаше можност за втор гол, но овојпат домашниот голман Џеков навремено интервенираше. Домаќините имаа можност за израмнување и тоа двојна. Се обидоа Донов и Димитриевски, но тогаш гостинскиот голман Гаје се истакна и ја сочува својата мрежа. Четири минута подоцна се обиде и Португалецот, Пиреш, но биеше високо над голот на тетовци.
Во второто полувреме двете екипи се обидуваа да го загрозат колот на противникот, но сето тоа беше јалово. Проблемите за тетовци дојдоа во 71-вата минута кога Тамба заработи втор жолт картон, па Шкендија до крајот играше со десетмина.
Тоа кратовци знаеја да го искористат кога во 89.минута Мишов се најде на вистинското место и ја затресе мрежата на Шкендија за 1-1. Со само еден освоен бод од ова гостување, Шкендија сега е на три помалку од лидерот Вардар кој утре гостува кај Башкими, но во Гостивар.
На вториот денешен натпревар, екипата на Македонија Ѓорче Петров очекувано славеше победа во дуелот со Шкупи со 4-0. Стрелци на головите беа: Галевски (11.минутаи) Николиќ постигна два (25 и 39) и Џангароски (4-0).
Со новите бодови и вкупно 30 Македонија ЃП сега десетта со два помалку од Пелистер и два повеќе од Работнички. Овие два тима утре ќе го играат меѓусебниот дуел од ова кола, а заедно со ѓорчепетровци, се тројката екипи меѓу кои ќе се бараат патниците во второлигашката конкуренција.
ПРВА ЛИГА – 30 КОЛО
Петок 1 мај
СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА 1-1
ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. 0-4
Сабота 2 мај
16.00 РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР
16.00 БАШКИМИ – ВАРДАР гостивар
Недела 3 мај
16.00 СТРУГА Т.Л. – АП БРЕРА
16.00 ТИКВЕШ – АРСИМИ































