Празнично од денеска до недела ќе се играат натпреварите од 30.коло во Првата македонска фудбалска лига.

Во Кратово, екипата на Силекс го пречекува првакот Шкендија.

Тетовци по киксот во претходното коло кога загубија од Башкими, сега заостануваат четири бодови зад лидерот и конкурент за титулата Вардар. Тетовци веќе немаат право на „кикс„ бидејќи до крајот на сезоната остануваат уште три кола. Загубила ли денеска во Кратово, екипата на Шкендија, речиси сигурно може да се прости од одбрана на титулата.

Но за тоа ќе се прашуваат и фудбалерите на Башкими. Кумановци кој славеа над Шкендија пред четири дена утре, но во Гостивар ќе бидат домаќини на лидерот Вардар.

Тоа се двата дуели од ова коло кои решаваат за шампионскиот трофеј, а ќе има и такви во кои ќе се решава опстанокот. Таков ќе биде утрешниот во Скопје, меѓу Работнички и Пелистер.

ПРВА ЛИГА – 30 КОЛО

Петок 1 мај
16.00 СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА
16.00 ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.
Сабота 2 мај
16.00 РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР
16.00 БАШКИМИ – ВАРДАР гостивар
Недела 3 мај
16.00 СТРУГА Т.Л. – АП БРЕРА
16.00 ТИКВЕШ – АРСИМИ

Standings provided by Sofascore