Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за пристојниот бараж против Словачка.
Македонските ракометари против Словаците ќе бркаат нов настап на Светското првенство што ќе се одржи следната 2027 година.
Лазаров на првиот список има дири 35-мина ракометари. Само тројца од нив се интернационалци. Голманот Мартин Томовски разбирливо е стандарден. Сепак меѓу повиканите повторно се најде и името на Филип Талевски, а на списокот е и Мартин Карапеевски од шпанскиот Ваљадолид.
Сепак на списокот на Лазаров го нема досега стандардниот Мартин Серафимов, од Автокоманда се пресели во Еурофарм Пелистер.
ПОШИРОК СПИСКОК НА РАКОМЕТАРИ
Првиот натпревар македонските ракометари ќе го играат на 14 мај во Прешов (19 часот), а реваншот е на 17 мај (19 ч.) во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.































