Денеска и утре ќе се играат натпреварите од последното коло во ТОП-6 фазата на машката кошаркарска Супер лига.
Неизвесност нема да има. Ова бидејќи веќе се е познато, односно, јасни се имињата на екипите, а со тоа двојките за полуфиналето во плеј-офот.
Екипата на ТФТ која гостува во Гевгелија кај Кожув, како прва ќе го заврши лигашкиот дел. Составот од скопско Тафталиџе за противник во полуфиналето ќе го има дебитантот Маџари. Оваа скопска екипа завршува на четвртата позиција, без разлика на исходот на утрешниот меч со МЗТ Скопје Аеродром.
Актуелниот шампион како втор за противник во полуфиналето ќе го има битолски Пелистер, од кого пред четири дена загуби. Пелистерци попладнево го пречекуваат кавадаречки Тиквеш.
И во плеј-аут конкуренцијата денеска еден натпревар, во кој Работнички го пречекува „фенерџијата“ Ангели. Покрај екипата на Ангели, во понизок ранг (Првата лига) следната сезона ќе играат Феникс и Гостивар.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) | ТОП-6 последно 5 КОЛО
Четврток 30 април
14.30 ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ
20.30 МАЏАРИ – МЗТ СКОПЈЕ A.
Петок 1 мај
19.00 КОЖУВ – ТФТ






























