Кошаркарите на ТФТ оправдаа улогата на фаворит во дивелоп против Маџари. Во натпреварот претпоследното 4.коло на ТОП-6 фазата во Супер лигата, тимот на ТФТ славеше победа со 85-82.
Гостите подобро го отворија натпреварот. Во воведните 4.минути, на домашниот тим му дозволија да постигне само два поени, па Маџари поведе со 2-10. Сепак, со влегувањето на Ташовски во игра, ТФТ брзо ги консолидира редовите. Веќе во шестата минута резултатот беше нерешен 14-14. Македонскиот репрезентативец постигна 13 поени во воведната четвртина. Сепак избраниците на Тодоровиќ беа оние кои го завршија кварталот со предност од седум поени (21-28). Маџари и во втората четвртина имаше најголеми +8 (30-38), но на одмор ТФТ беше екипата која замина со предност 45-43.
Во второто полувреме, двата тима тешко стигнуваат до реализација. Гостите правеа повеќе грешки, а ТФТ тоа тешко го казнување. Најголемата предност што ја направи домашниот тим во третиот квартал изнесуваше +5. Во последната четвртина се влезе со резултат 67-63 за составот од Тафталиџе. Во 32.минута ТФТ за прв пат дојде до двоцифрена предност 73-63. Имаа домаќините и најголеми +11, а Димчевски беше оној што го одржуваше Маџари во ,,живот”. Сепак немаа сили гостите за целосен пресврт, па ТФТ заслужено се радуваше на победата.
Виктор Ташовски беше прв стрелец на натпреварот и во победничката екипа со 32 поени, за која Говенст реализира 23.
Тренерот Боро Смилковски реши на овој натпревар да ги поштеди Гордон и Дејвид, со цел да бидат подготвени за АБА2 финалето. Екипата на ТФТ во среда ќе го игра реванш дуелот против Широки кој во Скопје ќе допатува со предност од 0:1 во победи, во серијата што се игра на два добиени меча.
Со овој триумф ТФТ сега е сам на врвот на табелата со два бода повеќе од МЗТ кој утре го игра дербито со Пелистер. Овие три тима заедно со Маџари кој четврти ќе играат во полуфиналето на плејофот.



































