Нови три натпревари нoќеска се одигра во првата рунда од НБА плеј-офот.
Римот на Лос Анџелес Лејкерс максимално го искористи домашниот терен и против Хјустон сега води со 2-0 во победи.
И вториот натпревар во ЛА, популарните „Езерџи“ го добија со 101-94 без својата прва ѕвезда Лука Дончиќ (повреда). Затоа ветеранот Леброн Џејмс со 28 поени беше незапирлив додека Маркус Смарт додаде 25 поени. Хјустон не успеа да го искористи враќањето на Кевин Дурант и сега има сериозна негатива пред двата меча на домашен терен.
На другите два натпревари победи славеа гостинските екипи.
Портланд триумфира во Сан Антонио со 106-103 и ја израмнија серијата на 1-1 во победи.
Гостите направија голем пресврт во финишот на мечот благодарение на фантастичната партија на бекот Скут Хендерсон.
Сан Антонио го загуби водството по повредата на Виктор Вембањама кој одигра само 12 минути пред да го напушти теренот. Младиот центар веднаш беше префрлен во протоколот за потрес на мозокот што е огромен удар за амбициите на Спарс.
Кошаркарите на Филаделфија направија големо изненадување во Бостон и со победата со 111-97 ја израмнија серијата на 1-1.
Натпреварот го одбележа историскиот настап на дебитантот ВЈ Еџкомб кој постигна неверојатни 30 поени и 10 скокови. Младиот кошаркар стана првиот дебитант со ваков учинок во плејофот по легендарниот Тим Данкан од 1998 година.





























