Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа по само два одиграни натпревари го заврши настапот на ИТФ турнирот во Порторож.

Ѓорческа е елиминирана во осминафиналето од Украинката, Катарина Заватска. Во мечот што траеше само 69 минути, македонската тенисерка загуби во два сета, добивајќи само еден гем на свој сервис.

26-гдинашата Украинка, која е дури 60 места послабо рангирана од Ѓорческа на ВТА листата, на тетовката и препушти само два гема во првиот сет. Вториот Заватска го доби убедливо со 6-0.