Актуелното европски првак Париз Сен Жермен обезбеди пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите. Популарните „светци“ со два триумфи над Ливерпул се вброи меѓу четирите најдобри екипи.
На реваншот на „Енфилд“, парижаните беа во подредена улога, но Ливерпул иако создаде голем број на шанси, не ги искористи. Натпреварот заврши со нова победа на ПСЖ, и овојпат со 0-2, а двоен стрелец беше Усман Дембеле.
Први се заканија гостите во 17.минута преку Усман Дембеле кој од одлична позиција шутираше високо над голот. Најголемата шанса за имаа домаќините во 31-вата минута. По едно уфрлање во шеснаесетникот на ПСЖ, се обидоа Милош Керкез и Ван Дајк, но во последен миг спасуваа рускиот голман Сафонов и Бразилецот, Маркињос.

Во второто полувреме Ливерпул тргна со сите сили. За само десетина минути „црвените“ создадоа четири идеални шанси, но ниту една не искористија. Во 65. минута судијата Маријани досуди пенал за Ливерпул, но по прегледувањето на ВАР снимката ја смени одлуката.
И кога не ги искористија своите шанси, стигна казната за Леиверпул. Во 73.минута по брзата контра што ја започна Дембеле, токму дој со фантастичен удар од 20-метри донесе водство за гостите 0-1.
И само што почна судиското дополнување (90+1), Дембеле уште еднаш се запиша во листата на стрелци и ги постави конечните 0-2 за ПСЖ.
Европскиот првак ПСЖ на патот до ново финале ќе има тепка задача. Во полуфиналето парижаните ќе се сретнат со подобриот од дуелот Баерн Минхен – Реал Мадрид. Реваншот овие две екипи ќе го играат утревечер во Минхен, а со гол предност (2-1) ќе имаат фудбалерите на Баерн.



































