Прволигашката фудбалска конкуренција од денеска до вторник носи натпреварите од 27-то коло. Исклучок утре (недела), ќе се играат по два натпревари.
Денеска тоа ќе бидат средбите во Скопје и Кратово.
Некогаш беше градско дерби но сега двата има тргнуваат од различни позиции. Ова важи за дуелот меѓу скопските ривали Вардар и Работнички. Вардарци се лидери на табелата и се во трка за шампионскиот трофеј, а ,,роматичарите” од Дебармаало во борба за опстанок. На дватата има трите бода им се повеќе од потребни. Затоа може да очекуваме интересна битка на дуелот што ќе почне од петнаесет часот и триесет минути.
Во истиот термин во Кратово, Силекс ќе го пречека составот на Башкими. Ова е дуел на екипи кои се во таканаречената сигурна зона, ниту можат да се борат за титулата ниту пак за опстанок.
ПРВА ЛИГА – 27 КОЛО
Сабота 11.04
15.30 ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ
СИЛЕКС – БАШКИМИ
Понеделник 13.04
15.30 ШКЕНДИЈА – ШКУПИ
СТРУГА Т.Л. – ТИКВЕШ
Вторник 14.04
13.00 АРСИМИ – ПЕЛИСТЕР
15.30 АП БРЕРА – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.



























