Вечното фудбалско дерби меѓи Пелистер и Вардар се одигра вечерва во Битола. Ма стадионот „Петар Милошевски“ љубителите на фудбалот речиси да не видоа ниту „Д“ од дерби. Натпреварот заврши без голови 0-0.
Речиси и да немаше ништо што да се одбележи од првиот дел, а од вториот, поништениот гол на пелистерци.
Домаќините во вториот дел (51.минута) ја затресоа вардаровата мрежа, но голот беше поништен поради офсајд. Немаше возбудување се до судиското дополнение кога Матиќ шутираше, но Јовчевски со прекрасна одбрана ја сочува својата мрежа.
Ако минатото коло Пелистер на Шкендија и одзеде три, сега на Вардар му зема два бота. Така трката за титулата продолжува со голема неизвесност бидејќи Вардар има само бод повеќе од тетовци.
Пелистер сега има 26 бодови, еден повеќе од Работнички и три повеќе од Македонија ЃП кои се во зоната за испаѓање.
ПРВА ЛИГА – 26 КОЛО
Среда
ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР 0-0
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 0-3
Четврток
15.30 МАКЕДОНИЈА ЃП – АРСИМИ
15.30 ШКУПИ – СТРУГА Т.Л.
Вторник
ТИКВЕШ – СИЛЕКС 0-3
БАШКИМИ – АП БРЕРА 0-0



































