Во машката кошаркарска Супер лига, денеска ќе се одиграат два натпревари од претпоследното 21.коло.
Двата ќе се играат во Скопје. Тоа ќе бидат исклучително важни дуели за екипите кои се во трка за пласман во разигрувањето.
Програмата ќе биде отворена точно напладне со натпреварот Феникс – Маџари. Составот предводен од Денис Дервишевиќ во моментов заостанува бод односно два зад конкуренцијата. Феникс е десетти со 28 бодови колку што има и деветтиот Работнички кој утре го игра дербито со МЗТ Скопје во Аеродром. Екипата на Маџари е на петата позиција, а со евентуален триумф и дефинитивно ќе го потврди пласманот во плеј-офот.
Тимот на Чаир пак, не би требало да има проблеми да стигне до двата важни бода. Чаирчани гостуваат кај „фенерџијата“ Ангели екипа која сезонава нема победа (барем не на терен). Тој дуел ќе се игра во терминот од 17 часот.
Најголемото вниманието секако ќе биде насочено кон утрешното дерби во „Јане Сандански“ на вечното дерби МЗТ – Работнички.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 21 КОЛО
Сабота
12.00 ФЕНИКС – МАЏАРИ
17.00 АНГЕЛИ – ЧАИР
Недела
18.00 КУМАНОВО – КОЖУВ
18.30 ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ
19.00 МЗТ СКОПЈЕ А. – РАБОТНИЧКИ
вчера
ТФТ – ГОСТИВАР 87-82



































