Иако сеуште е во трка за признанието МВП на сезоната, Никола Јокиќ немаше своја вечер.
Србинот по две години и два месеци, за прв пат заврши натпревар со едноцифрен број на поени.
Тој реализира само 8, но Денвер сепак ја победи Филаделфија со 124-96. Сепак Јокиќ беше расположен за асистирање кон соиграчите, па имаше 16 успешни додавања, на кои додаде и седум скокови. Прв стрелец во победничката екипа овојпат беше Кристијан Браун со 22 поени.
Шампионот Оклахома Сити Тандер е првиот тим кој официјално се пласира во плејофот.
Тандерси ноќеска славеа тесна победа на гостувањето кај Орландо со 108-113 и стигнаа до 54-тата победа.
Минатогодишниот МВП, Шај Голгиус-Александер одигра уште еден фантастичен натпревар во кој реализира 40 поени.
Резултати:
Шарлот – Мајами 136:106
Орландо – Оклахома 108:113
Вашингтон – Детроит 117:130
Њујорк – Индијана 136:110
Милвоки – Кливленд 116:123
Минесота – Феникс 116:104
Денвер – Филаделфија 124:96
Сакраменто – Сан Антонио 104:132




































