Големото македонско ракометно дерби меѓу Еурофарм Пелистер иВардар ќе се игра во недела во Битола.
Актуелниот шампион Пелистер кој е втор на табелата во овој дуел со лидерот Вардар ќе влезе со четири бодови помалку. Затоа во таборот на зелено-белите најавуваат дека ова за нив е натпревар на сезоната, барем засега. Победата за пелистерци е императив, а таа може да се оствари само го голема поддршка од навивачите, сметаат пелистерци.
Тие очекуваат дека салата „Боро Чурлевски“ ќе биде исполнета до последното место.
Од утре (петок) 13 часот картите за овој дерби натпревар ќе бидат пуштени во продажба на вообичаените продажни места и онлајн на https://kartieurofarm.mk/.



































