Резултатите од единаесетте натпревари во НБА лигата минуваат во сенка на фантастичното остварување на Бам Адебајо.

Крилниот кошаркар на Мајами Хит, имаше историска ноќ не само за тимот од Флорида, туку и целата НБА лига.

Адебајо во победата на Мајами над Вашингтон со 150:129 постигна 83 поени и стана вториот најдобар стрелци на сите времиња во еден натпревар.

Тој имаше одличен почеток на натпреварот, и веќе во првата четвртина стигна до 31 поен. На полувремето имаше 43, а на крајот од третата четвртина го престигна Леброн Џејмс, поставувајќи клупски рекорд со 62 поени. Адебајо го сруши досегашниот рекорд на Коби Брајант од 82 поени поставен во 2006 година.

Пред Адебајо, остана само легендарниот Вилт Чемберлен, кој постигна точно 100 поени против Њујорк Никс во март 1962 година, додека играше за тогашните Филаделфија Вориорс.