Со двата натпревари одиграни попладнево во Куманово и Скопје комплетирано е 17 коло во машката кошаркарка Супер лига.
Екипите на Куманово и Маџари славеа пред домашните симпатизери во дуелите со Гостивар и Кожув. Со овие триумфи, двете екипи направија голем исчекор кон плеј-офот иако до крајот на регуларниот дел од сезоната остануваат пет кола.
Кумановци го добија дуелот со Гостивар со 90-75. Иако гостинската екипа беше подобра во вториот и третиот квартал сепак решавачки се покажа последниот. Избраниците на Марин Докузовски тој период го решија во своја полза со 24-13, за на крајот да ја впишат деветтата победа со која се на петтото место на табелата.
Исто така до деветтиот триумф, стигнаа и кошаркарите на Маџари кои славеа над гевгелиски Кожув со убедливи 89-61. Во ниту еден момент гостите од Гевгелија не успеаја да се заканат резултатски, па домашните кошаркари рутински стигнаа до триумф. Маџари е на четвртото место на табелата, а Кожув е шести со една победа помалку.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 17 КОЛО
Денеска
КУМАНОВО – ГОСТИВАР 90-75
МАЏАРИ – КОЖУВ 89-61
вчера
АНГЕЛИ – ТФТ 66:95
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ПЕЛИСТЕР 87:73
ФЕНИКС – ТИКВЕШ 76:87
ЧАИР – РАБОТНИЧКИ 75:73



































