Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер е првиот полуфиналист во ракометниот Куп на Македонија.

Пелистерци со две победи во групата Г, чии натпревари се играа во Битола, очекувано изборија место на завршниот „фајнал-фор“ турнир. Откако вчера го совладаа убедливо тимот на Струга со 44-19, денеска во дуелот за пласман во полуфиналето еа подобро екипата на Прилеп со 30-28.

Локалните „ривали“ се прикажаа како достоен противник, но не можеа а направат изненадување во дуелот со зелено-белите кои настапија без неколкумина клучни првотимци.

Попладнево се игра и првиот натпревар од „В“ групата и тоа во салата „Биљанини извори„ во Охрид. Таму домашниот состав на Охрид е фаворит во делот со Тиквеш, но и Куманово и Млаз Богданци кои во недела ќе играат во второто полуфинале.

КУП НА МАКЕДОНИЈА МАЖИ – ЕЛИМИНАЦИСКА РУНДА

А група (Јане Сандански)
сабота

12.00 МУЛТИ ЕСЕНС – Е.ПЕЛИСТЕР 2
14.30 БУТЕЛ СКОПЈЕ – ВАРДАР
Финале
19.00
В група (Биљанини извири)
петок

18.00 ТИКВЕШ – ОХРИД
недела
13.00 КУМАНОВО – МЛАДОСТ БОГДАНЦИ
Финале
18.00
Б група (Автокоманда)
сабота

11.00 РАДОВИШ – АЛКАЛОИД
13.30 ПРОЛЕТ – МАКЕДОНИЈА ЃП
Финале
19.30
Г група (Боро Чурлевски)
четврток

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – СТРУГА 44-19
РИЛЕП – ДРАЧЕВО 41-34
петок
E.ПЕЛИСТЕР – ПРИЛЕП 30-28