Богатата понуда на НБА натпревари мина во знакот на „Балканското дерби“ меѓу двајцата најдобри кошаркари на денешницата Лука Дончиќ и Никола Јокиќ.

Дуелот во Денвер каде Нагетс го пречекаа тимот на Лос Анџелес Лејкерс, го добија домаќините со 120-113.

Очекувано, Јокиќ и Дончиќ беа беа во центарот на вниманието, а воедно и најдобрите поединци во своите екипи. За победничката, Србинот, Јокиќ заврпи со троен ефект 23-ти сезонава, а Словенецот, Дончиќ имаше давл-дабл.

Јокиќ натпреварот го заврши со 28 поени, 12 скока и 13 асистенции, а имаше поддршка од Џамајл Мареј кој исто така постигна 28 поени. Се еден поен помалку (27) на кои додаде 11 скокови и седум асистенции, Лука Дончиќ беше прво име во тимот на Лејкерси.

Леброн Џејмс постигна 16 поени, доволно да го надмине Карим Абдул Џабар на вечната листа на стрелци кога во прашање се постигнатите поени од игра.