Последните два натпревари од 21 коло во Првата македонска фудбалска лига, ќе се игра денеска во Скопје и Битола.

Оној скопскиот, што ќе си игра на теренот крај ФФМ, е дербито меѓу двете водечки екипи на табелата и главни претенденти за титулата. Во него, лидерот на табелата Вардар, ја пречекува тетовска Шкендија актуелниот првак. Вардарци во овој меч ќе влезат со 4 бодови предност во однос на конкурентот.

Скопјани на последните два натпревари не успеаја да слават победа. Прво беа елиминирани во четвртфиналето на купот на пенали од Охрид, а потоа одиграа нерешено на гостувањето во Струга. Има вардарци два дена повеќе за одмор во однос на денешниот ривал Шкендија која пред само три дена одигра тежок натпревар против Пелистер.

Како двајцата тренери Седлоски и Беќири, тактички ќе постават играта, и колку нивните избраници ќе бидат мотивирани останува да видиме. Дуелот меѓу Вардар и Шкендија ќе почне во терминот од 14 часот.

Во вториот натпревар во Битола, Пелистер го чека нов тежок дуел против четврто пласираниот Силекс. Бодовите првенствено се императив за битолчани, особено што конкурентите за опстанок Македонија Ѓорче Петров и Тиквеш вчера славеа победи. Овој дуел стартува од 18 часот.

Standings provided by Sofascore