Нови два натпревари од 20.коло во Првата лига ќе се играат денеска во Кавадарци и Гостивар.
Во нив, освојувањето на трите бода се исклучително важни за три од четирите екипи, иако и кратовци сакаат со „полн плен“ да се вратат од Кавадарци.
Силекс кој е четврти на табелата има големо заостанување зад екипите кои се борат за шампионскиот трофеј, Вардар, Шкендија и Струга ТЛ. Но затоа нивниот денешен противник Тиквеш е во опасната зона. кавадарчани се осмо рангирани со бод-два помалку од Арсими, Башкими и Брера, екипи кои се во „сигурната“ зона за опстанок во лигата.
Истовремено во Гостивар кај Арсими ќе гостува Македонија Ѓорче Петров. „Лавовите“ од Ѓорче се десетти на табелата во зоната која води во понизок ранг на натпреварување (Втора лига). Доколку сакаат да го одржат чекорот со екипите кои се борат за опстанок, и на фудбалерите на Македонија ЃП неопходни им се трите бода денеска.
Двата денешни натпревари ќе стартуваат од 14 часот, како и утрешниот последен што ќе се игра во Тетово.
ПРВА ЛИГА – 20 КОЛО
недела 01.03
ТИКВЕШ – СИЛЕКС 14 часот
АРСИМИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 14 часот
понеделник 02.03
ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР 14 часот
петок 27.02.
БАШКИМИ – БРЕРА 0-2
сабота 28.02.
СТРУГА Т.Л. – ВАРДАР 1-1
РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 3-0
































