Машката македонска кошаркарска репрезентација ја ,,сефтоса’ реновираната сала во градскиор парк во Скопје. Македонските репрезентативци веќе втор ден тренираат во овој култен кошаркарски спортски објект.

Првиот човек на општина центар, градоначалникот Горан Герасимовски, во интервју за Сител телевизија, најави дека салата во иднина ќе го носи името на легендарниот Лазар Лечиќ

Првиот официјален натпревар ќе се одигра во петок кога македонските репрезентативци за противник ќе го имаат аутсајдерот Луксембург.

ФОТО Фејсбук