Баскет кам и Крива Паланка се финалистите на 34-тото издание на финалниот турнир од Купот на Македонија.
На завршницата што се одржува во Македонска Каменица, двете водечки екипи во Првата лига, ги оправдаа фаворитските улоги во полуфиналето.
Со оглед на тоа дека играат на домашен терен, Баскет кам ќе има предност. Воедно и искуството на ваквите финални натпревари е на страната на Баскет кам кој ќе го игра шестото свое и тоа последователно финале. Тимот од Македонска Каменица атакува на четвртиот Куп трофеј.
Екипата на Крива Паланка пак за прв пат е во завршниот, финален натпревар. Сепак и овој тим со свои мотиви влегува во него, сакајќи да испише историска победа.
Кој ќе биде наследникот на Вардар, останува да водиме по финалниот меч закажан од 18 часот. Натпреварот може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ. 👇👇👇



































