Во 16. коло од МТЕЛ Суперлигата беа одиграни три натпревари кои донесоа нови бодови за МЗТ Скопје, Маџари и Гостивар.

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром уште еднаш ја потврди својата доминација, овој пат против Куманово, славејќи со убедливи 72:56. Гостите ја контролираа играта од самиот почеток, а Мек Кејден беше најдобар стрелец со 14 поени, дополнети со четири скока и две асистенции.

Во Кавадарци, Маџари направија голем брејк против Тиквеш Голден Игл, победувајќи со 91:81. Иако домашниот тим успеа да се врати и дури да поведе во третиот период, гостите повторно ја презедоа иницијативата и ја задржаа предноста до крајот. Армстронг блесна со 28 поени и беше клучниот човек во нападот на скопјани.

Најголема драма се случи во Гостивар, каде домашниот тим го совлада Работнички со тесни 68:66. Натпреварот беше изедначен до самиот крај, а решавачкиот момент се случи во последните секунди кога Столески погоди за голема радост на домашната публика. Со овој триумф, Гостивар стигна до четвртата победа сезонава и направи важен чекор во борбата за опстанок.