Со четирите денешни натпревари ќе биде комплетирано од 19-то коло во машката ракометна Супер лига.
Своите обврски во оваа рунда веќе сите ги завршија ракометарите на Вардар и Охрид кои славеа убедливи победи против Куманово и Прилеп.
Денешната програма ќе биде отворена со дуелот меѓу Струга и Бутел кој ќе почне од 16 часот. Останатите три натпревари ќе се играат во терминот од 18 часот.
Во Битола на програмата е братското дерби меѓу двата тима на Еурофарм Пелистер. Во Автокоманда пак, кај Алкалоид гостува екипата на пролет, а во Кавадарци, Тиквеш ќе го пречека Радовиш.
Сите натпревари може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк).
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 19 КОЛО
сабота 7 февруари
16.00 СТРУГА – БУТЕЛ
18.00 АЛКАЛОИД – ПРОЛЕТ
18.00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
18.00 ТИКВЕШ – РАДОВИШ
одиграно
ОХРИД – ПРИЛЕП 28-17
ВАРДАР – КУМАНОВО 30-20



































