Во Италија свечено ќе бидат отворени 25-тите Зимски олимписки игри, кои ќе траат до 22 февруари, а домаќини се Милано и Кортина д’Ампецо.
На игрите ќе учествуваат над 2900 спортисти од рекордни 94 националности, што е историски број за олимписки настан.
Македонија ќе има четворица претставници: Ана Цветановска и Ставре Јада во нордиски дисциплини, Јана Атанасовска и Виктор Петков во алпски дисциплини.
Програмата опфаќа 16 спортови и 116 дисциплини, со рекорден број од 50 женски натпреварувања и 54 машки. Ќе има и 12 екипни натпреварувања кои носат дополнителна динамика и интерес за публиката.
Свеченото отворање ќе започне во 20:00 часот и ќе се одржи на повеќе локации.
Знаменосци на македонската репрезентација ќе бидат Јана Атанасовска во Кортина и Ставре Јада во Предацо.


19-годишната Јана Атанасовска е најмладата македонска натпреварувачка и рекордерка во алпско скијање. Јана го држи рекордот за најдобар остварен резултат во историја на македонското алпско скијање во женска категорија со освоени 30.56 ФИС точки.
Со злато на FIS Weinebene и три старта на Светскиот Куп, таа е подготвена за својот олимписки блесок.
✅ Слалом и Велеслалом

Ова ќе биде прв настап на најголемиот спортски настан за 26-годишниот Петков.
После пет учества на Светски Првенства ова e врв на спортската кариера.
По неколкуте добри настапи на Јахорина и Купрес БиХ, се надеваме на добар резултат настап и на овие Зимски Олимписки Игри
Член е на Ски Клуб Сноу Спорт Клуб Гостивар.
✅ Велеслалом

По дебито во Пекинг 2022, Ана се враќа на олимписката сцена уште посилно.
Таа беше нашата единствена претставничка на Светското првенство во Трондхејм и ја потврди формата со 5-то место на силниот Балкански куп.
✅ Спринт и Интервал старт 10 км

Најискусниот во македонскиот состав, 27-годишниот Јада, кому ЗОИ 2026 ќе му бидат трет олимписки настап.
По ПјонгЧанг 2018 и Пекинг 2022, ова е трета Олимпијада за Ставре! Со Топ 5 пласман на Балканскиот куп, тој е нашиот најстандарден репрезентативец во крос-кантри.
Искуството е неговиот најголем адут на тешките патеки во Италија.
✅ Спринт и Интервал старт 10 км
Распоредот за настап на македонските нордијци е на 10, 12 и 13 февруари, додека алпските дисциплини ќе се одржат на 14, 15 и 18 февруари.





































