Со одигрувањето на 14. коло, заврши прв дел од натпреварите во Првата македонска кошаркарска лига.

Согласно системот за натпреварување, првопласираните четири екипи од групите А и Б ќе ја формираат нова натпреварувачка ТОП 8 група. Во неа за четирите места што водат во полуфиналето ќе се борат: Вардар, Мега баскет, Струмица ФМП, Бутел, Соколи 1933, Борец баскет, Охрид, Водно санс

Овие осум екипи ќе ги пренесат и меѓусебните резултати остварени во првата фаза. Ќе играат уште по осум натпревари, против екипите од спротивната натпреварувачка група (двокружно, секој со секого).

Четирите најдобри ќе се пласираат во полуфиналето, кое ќе се игра според форматот „подобар во три натпревари“, а победниците од овие серии ќе се борат за местото кое води во елитата (според истиот формат). Само шампионот ќе обезбеди пласман во Супер лигата.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) TОП 8

1. коло (7 и 8 февруари)
ВАРДАР – СТРУМИЦА ФМП
МЕГА БАСКЕТ – БУТЕЛ
ОХРИД – СОКОЛИ 1933
ВОДНО САНС – БОРЕЦ

ТАБЕЛА
1.Вардар 10 бодови (4-2 победи-порази)
2.Мега баскет 10 (4-2)
3.Струмица ФМП 9 (3-3)
4.Бутел 9 (3-3)
5.Соколи 9 (3-3)
6.Борец баскет 9 (3-3)
7.Охрид 9 (2-4)
8.Водно санс 9 (2-4)

Во Плеј-аутот, односно во групата која ќе се бори за опстанок во ова натпреварување ќе играат шест екипи: Овче Поле, Црн Дрим, Тетекс ТТК, Струмица Ролинг, Младинец и Спортисимо. Исто така со пренесени резултати од меѓусебните натпревари во првиот круг од натпреварите.

Следете нé на социјалните мрежи