Вечерва во Скопје се одржува 71-издание на изборот „Спортисти на годината 2025“, на кој се прогласуваат најуспешните за минатата година.
Ова издание секако ќе биде запаметено по големиот „кикс“ кој го направи македонската фудбалска легенда Илија Најдоски.
Тој требаше да ја прогласи најуспешната национална федерација. Најдоски кој е член на Фудбалската федерација на Македонија, ја прогласи ФФМ за најдобра, по што претседателот Масар Омерагиќ пријде на подиумот да го прими признанието.
Сепак, по реакција на водителот на манифестацијата, пликот со името на добитникот беше отворен, па наместо ФФМ, таму стоеше името на Џудо федерацијата.
Иако Илија важеше за фантастичен одбранбен играч, сепак овојпат тој успеа да го 2издеибла“, а потоа и да му влезе „клизачи“, на својот шеф Омерагиќ. 🤣🤣🤣

























