Вкупно девет натпревари ноќеска се одиграа во НБА лигата.
Кливленд немаше милост кон својата легенда Леброн Џејмс, па Кавсите ги победија Лејкерсите со 30 поени разлика 129-99.
Џејмс се расплака за време на тајмаутот во првата четвртина, кога „Кавалирс“ прикажаа видео-моменти од неговиот настап во финалето на Источната конференција во 2007 година против Детроит. Џејмс имаше само 11 поени, прв пат во 13 гостувања во Кливленд како противнички играч да не постигне барем 20. Лука Дончиќ броеше до 29, иако лесно се повреди во првата четвртина, но се врати на паркетот.
Во победничката екипа Донован Мичел постигна 25, а Џејлон Тајсон додаде 20 поени, за петта победа во низа на Кливленд,
Виктор Вембањама имаше 28 поени, 16 скока и пет блокади во победата на Сан Антонио со 111-99 над Хјустон.
Спарси заостануваа со 16 поени и немаа водство сè до крајот на третата четвртина. Вембањама постигна девет поени, во серијата од 11-0 на почетокот на четвртата четвртина, со којја Спарс го свртеа натпреварот во своја полза.
Резултати:
Кливленд – ЛА Лејкерс 129:99
Индијана – Чикаго 113:110
Бостон – Атланта 106:117
Мајами – Орландо 124:133
Торонто – Њујорк 92:119
Мемфис – Шарлот 97:112
Далас – Минесота 105:118
Јута – Голден Стејт 124:140
Хјустон – Сан Антонио 99:111




































