Лука Дончиќ повторно ја покажа својата магија на паркетот. Словенecoт беше незапирлив и ги предводеше Лос Анџелес Лејкерс до триумф на гостински терен кај Чикаго.
Дончиќ имаше импресивни 46 поени, надополнети со 11 асистенции и седум скока во победата на Лејкерси над Булс со 129-118.
Леброн Џејмс ја презеде улогата на лидер во првото полувреме, постигнувајќи 20 од своите 24 поени. Дополнителна сила донесе Руи Хачимура со 23 поени. Лејкерс го подобрија својот биланс на 3-1 во серијата од осум натпревари на гостински терен, покажувајќи дека тимот е во подем.
И Донован Мичел беше незадржлив во победата Кливленд Кавалирс над Орландо Меџик на домашен терен со 114:998. Тој постигна 45 поени, и стигна до својот 25-ти натпревар од 30 или повеќе поени оваа сезона.
Еван Мобли додаде 20 поени за „Кавалирс“, додека „Меџик“ ги предводеше Паоло Банкеро со 37 поени и десет скока.
НБА:
Атланта – Индијана 132:116
Шарлот – Филаделфија 130:93
Кливленд – Орландо 114:98
Бостон – Портланд 102:94
Чикаго – ЛА Лејкерс 118:129
Хјустон – Мемфис 108:99
Минесота – Голден Стејт 108:83



































