Кошаркарките на МЗТ Бела вода приреди големо изненадување совладувајќи го фаворитот Вардар со убедливи 67:51 на домашен терен. Домашните кошаркарки го најавија триумфот уште во првата четвртина со водство 18:9. Американскиот двоец Херд и Корли комбинираа 43 поени, а Милосављевиќ додаде 11. Кај Вардар Тасевска постигна 14, додека Митева, Пислевска и Трајковска имаа по десет, со тоа што Трајковска запиша и неверојатни 20 скока.
Бадел 1862 славеше убедливо против Спорт тим со 99:52 на гостувањето во Неготино. Петтиот триумф во сезоната дојде со разлика од 47 поени. Марија Николов блесна со 28 поени, девет украдени топки и осум асистенции. Петрушевска додаде 16 поени и девет скока, Бошкова заврши со 14, а сестрите Чолакоски постигнаа по десет. Кај домашните Динова имаше 15, Леова 13, а Коцева 11 поени.
Пробаскет ја оправда фаворитската улога и победи против Патриот 2016 со 95:45 во Делчево. Гостинките од Кавадарци на полувремето водеа со 48:26 и ја контролираа играта до крај. Јовановиќ реализираше 24 поени и 11 скока, Томас постигна 19, Петровска 18, а Спасова 12. Кај Патриот, Рашова даде 15, а Ангеловска 13 поени.
Утре во Македонска Каменица се игра дербито меѓу Баскет Кам и Крива Паланка.




































