Со двата натпревари одиграни попладнево во Хернинг и Осло, започна 17-тото Европско првенство за ракометари.

Фаворитите Шпанија и Франција не дозволија изненадувања во дуелите со Србија и Чешка и почнаа со победи.

Шпанците во натпревар од А групата славеа во дуелот со Србија со 29-27 .

Во вториот натпревар од оваа група вечерва (20.30 часот) ќе играат Германија и Австрија.

Во Осло каде се играат натпреварите од Ц групата бранителот на титулата Франција ја совлада Чешка уубедливо со 42-28. Вториот пар од ова воедно коло од оваа конкуренција го сочинуваат Норвешка и Украина.

Утре својот прв настап ќе го има репрезентацијата на Македонија која за противник ќе го има главниот фаворит за златото Данска. Тој натпревар ќе се игра во вечерниот термин од 20.30 часот.