Македонските ракометари ги прават последните подготовки за стартот и настапот на новото Европското првенство. 

Како дел од македонската делегација е и легендарниот Филип Миркуловски кој сега е во улога на директор на репрезентациите. Популарниот „Жути“ има свое видување и очекување за настапот на македонската репрезентација. 

„Момците се исклучително талентирани, имаат доста искуство зад себе, иако е млада репрезентација.

Тие имаат повеќе од пет-шест турнири зад себе, иако имаат по 25-26 години.

Сметам дека оваа репрезентација може само да расте и да постигнува успеси“, нагласи Миркуловски.

Шампионатот почнува утре, а Македонија првиот меч ќе го игра во четврток (16 јануари) против ко-домаќинот Данска.