На НБА-паркетите ноќеска се одиграа пет натпревари, а во фокусот беше дуелот во Детроит каде Лос Анџелес Клиперс славеа над Пистонс со 98:92.
Иако Пистонс имаа контрола во најголемиот дел од натпреварот, Клиперси направија голем пресврт во последната четвртина. Домашниот тим уште во првиот период поведе со убедливи 28:14, а пред влегувањето во завршницата имаше предност од 76:68. Сепак, Клиперс одиграа одлични последни 12 минути, кои ги добија со 30:16 и со тоа ја обезбедија победата. Најефикасен поединец беше Каваи Леонард со 26 поени, осум скока и една асистенција, додека Џон Колинс додаде 25 поени и седум скокови.
Највпечатлив настап на вечерта го имаа кошаркарите на Шарлот Хорнетс, кои постигнаа дури 150 поени на гостувањето кај Јута Џез. Иако се очекуваше победа на гостите, ваква доминација малкумина предвидуваа. Хорнетс уште во првата четвртина го решија прашањето на победникот со фантастични 45 поени наспроти само 14 за Џез, а до крајот ритамот само се зголемуваше. Во сите наредни периоди гостите беа поефикасни и без проблем ја зачуваа високата предност.
Дури девет кошаркари на Шарлот имаа двоцифрен број поени. Најмногу постигна Тре Ман со 20, Брендон Милер додаде 18, ЛаМело Бол заврши со 17, додека по 15 поени запишаа Колин Секстон и Мајлс Бриџис.Во
На останатите натпревари од ноќешната програма, беа постигнати следниве резултати:
Индијана Пејсерс – Мајами Хит 123:99Детроит Пистонс – Лос Анџелес Клиперс 92:98Бостон Селтикс – Сан Антонио Спарс 95:100Чикаго Булс – Далас Маверикс 125:107Јута Џез – Шарлот Хорнетс 95:150



































