Македонија и Швајцарија одиграа нерешено 29:29 на последниот натпревар од „Јелоу куп“ во Винтертур. Нерешениот резултат на домашната репрезентација и го донесе првото место на турнирот поради подобрата гол разлика. 

Во текот на поголемиот дел од дуелот домашната репрезентација беше вод водство, кое во еден момент беше 18:12. Но, македонскиот национален тим сепак успеа да се врати резултатски. Во последните две минути иако под притисок двете репрезентации нападите ги завршуваа со гол, а во последниот напад и со играч помалку Македонија преку Марко Митев успеа да избори нерешен резултат 29:29.

Македонската репрезентација така со две победи над Бахреин 32:28 и Украина 31:26 и едно реми 29:29 со Швајцарија го заврши настапот на турнирот во Швајцарија. Македонија од Швајцарија патува за Данска каде до почетокот на Европското првенство ќе одигра уште еден контролен дуел, а првиот натпревар на шампионатот е на 16.јануари против Данска.