Најдобрата машка ракометна репрезентација на Макњоднија, денеска ја има последната контрола пред настапот на Европскиот шампионат.
Македонските ракометари ќе го играат третиот натпревар на 52-то издание на турнирот „Жолт куп“ во швајцарскиот град Шафхаузен. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров во дуелот со домаќинот Швајцарија ќе игра за првото место. Ова откако двете селекции ги добија претходните два натпревари.
Македонија славеше над Бахреин во првото коло со 32-28, а вчеравечер ја победи Украина со 31-26. И денешниот наш противник, Швајцарија славеше над Украина убедливо со 11 голови разлика (38-27), а Бахреин го совлада со три разлика (33-30).
Така директниот дуел Макеоднија – Швајцарија решава за првото место, клоа во случај на нерешенн исход ќе го одвојат домаќините поради подобрата гол-разлика.
Последниот меѓусебен дуел меѓу овие две селекции се одигра на Европското првенство во Германија пред две години. Тогаш Македонија славеше победа и си обезбеди полесен пат кон Светското првенство во Хрватска.
Денешниот дуел меѓу Македонија и Швајцарија ќе почне во 18 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк).
Веќе утре македонската ракометна експедиција патува за за Хенрниг, Данска каде ќе игра во втората група. Таму покрај Данците кои се топ фаворити за златото, противници на Македонија ќе и бидат и Португалците и Романците, редоследно. Натпреварите ќе се играат на 16, 18 и 20 јануари.



































