Македонските ракометари вечерва со дуелот против Бахреин ќе го почнат настапот на турнирот „Жолт Куп“. Во позитивна атмосфера и со многу елан и оптимизам пивотменот Михаил Аларов го очекува вечерашниот меч.
„Атмосферата е одлична, успеавме колку толку да се одмориме, иако имавме тежок пат.
Подготвени сме за вечерва, ќе дадеме максимум и ќе се обидеме да победиме за да ја кренеме атмосферата на повисоко ниво пред Европското првенство“,
вели меѓу другото Аларов.
На турнирот во Винтертурт, покрај Бахреин, македонските ракометари утре ќе играат против Украина, а в сабота со домаќинот Швајцарија.
Вечерашниот натпревар меѓу Македонија и Бахреин ќе почне во 20.30 часот, а може до го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ овде




































