Во вториот натпревар од претпоследното, 21-во коло на Втората машка кошаркарска лига екипата на Работнички славеше во дуелот со вечниот ривал МЗТ Скопје У.Б.

На средбата одиграна во СЦ Кале, домаќините, сино-белите, добро отворија и во 8.минута за прв пат имаа двоцифрена предност +11 (16-5). Сепак, по неполни три минути игра во вториот период црвените, се вратија на -2 (18-16), но до крајот на полувремето МЗТ не дозволи предност па на одмор аеродромци заминаа со +8 (36-28).

Во второто полувреме, двата тима имаа свои добри периоди на игра. Прво Работнички успеа да ја анулира негативата, па дури и да поведоа, но МЗТ се врати во игра и со поен предност влезе по последната четвртина 52-51. Неизвесноста остана до самиот финиш односно последните 47.секунди, во кој се влезе со резултат 68-67.

Виктор Стојковски погоди две слободни фркања за +3 (70-67), но Горазд Величковски со тројка го израмни резултатот (70-70) на 23,8.секунди до крајот, во кои двата тима имаа напади за победа, но резултатот остана ист, па се играше продолжение.

А, во него пресуди по колективната игра на црвените, па Работнички се радуваше на победата со конечни 79-74.

Со овој триумф Работнички се врати на 3.место на табелата, а на  МЗТ сега му “виси” пласманот во разигрувањето.

КОШАРКА ВТОРА ЛИГА – ПРЕТПОСЛЕДНО 21.КОЛО
СРЕДА
БАСКЕТ КАМ – АНГЕЛИ 56-84
ЧЕТВРТОК
МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – РАБОТНИЧКИ 74-79.
САБОТА
ШКУПИ – ОХРИД 12:00 часот
МКК КУМАНОВО – БОРЕЦ БАСКЕТ 18:30 часот
НЕДЕЛА
СОКОЛИ – ЦРН ДРИМ 15:00 часот
ВОДНО САНС – ВАРДАР 20:00 часот