На церемонија во Доха вечерва ги дознаеме најдобрите во светскиот фудбал за 2025 година, избрани од Светската фудбалска федерација. ФИФА додели вкупно 12 трофеи, а двата најважни ќе им припаднат на најдобриот фудбалер.

Французинот, Усман Дембеле, од ПСЖ е најдобриот во светот. Тој беше еден од најзаслужните за трофејот во Лигата на шампионите и трите во Франција. Кај дамите, втора година по ред најдобра е Аитана Бонмати од Барселона.

За најдобар голман беше прогласен Италијанецот Џанлуиџи Донарума, кој освои четири трофеи со ПСЖ. Во женска конкуренција, голманката на Англија и Челзи, Хана Хемптон, беше прогласена за најдобра . Младата Англичанка го освои домашниот трој и Европското првенство за жени.

Наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав гол на годината му припадна на Аргентинецот Сантијаго Монтиел од Индепендиенте за неговиот гол од 20 метри против Индепендиенте Ривадавија.