Бразилскиот среден бек Жоао Педро да Силва од јануари ќе го засили Вардар. Ова денеска официјално го потврдија од клубот со кој Бразилецот ќе потпише договор до јуни 2028 година.

Со ангажманот на искусниот организатор на игра, „црвено-црните“ добиваат значајно засилување во бековската линија за следните две и пол сезони.

Да Силва, роден во 1994 година, е универзален бек со примарна улога на среден бек, но по потреба може да одговори и на левата и на десната страна. Се одликува со брза реакција, квалитетна игра „два на два“ со линијата и добра прегледност, што треба да донесе поголема разновидност и креативност во нападот на Вардар.

Неговото доаѓање се вклопува во амбициите на клубот за силна пролетна полусезона, како во Лига Европа, така и во домашното првенство, но и во стратегијата за градење стабилен тим на подолг рок. Деталите од договорот ќе бидат официјализирани по пристигнувањето на Да Силва во Скопје во јануари.

Вардар во февруари и март го очекуваат натпревари од Главната фаза на Лига Европа, а во пролетниот дел од сезоната и мечевите од разигрувањето за титулата во домашното првенство, во кои бразилскиот бек треба да има важна улога.