Познати се финалистите на НБА Купот. Таму нема да биде шампионот Оклахома Сити кој го претрпе само втор пораз сезонава.

НБА Купот ќе го освои третиот тим во неговото трето издание. По Лос Анџелес Лејкерс (2023) и Милвоки Бакс (2024), овој пат тимовите на Сан Антонио и Њујорк ќе играат за трофејот.

Враќањето на Виктор Вембањама во тимот, по едномесечната пауза се покажа како исклучително важно за Сан Антонио. 22-годиниот Французин, одигра клучна улога во победа на Спарт над шампионот Оклахома со 22 поени и девет скока. . Девин Васел беше прв стрелец со 23 поени, додека Стефон Касл и Де’Арон Фокс исто кака постигнаа по 22 поени за Спарс.

Противник на Сан Антонио во финалето ќе биде тимот на Њујорк.

Предводени од Џејлен Брансон кој постигна 40 поени, Никс го совладаа Орландо Меџик со 132:120. Карл-Ентони Таунс помогна со 29 поени и осум скока), а Ануноби додаде 24 поени.

Финалето во Лас Вегас ќе се игра во среда наутро во 2.30 часот.