По првиот пораз сезонава на гостувањето во Битола во минатото коло, ракометарите на Вардар може да се вратат на победите.

Имено, вардарци во рамките од 17.коло на Супер лигата денеска се домаќини на последно пласираната екипа на табелата Радовиш.

За разлика од црвено-црните кои до пред поразот од Пелистер имаа низа од 15 победи, тимот на Радовиш нема освоено ниту еден бод досега. Радовишани ги загубија сите 16 одиграни натпревари, па сосема јасно е дека и денеска нема ништо да се смени.

Овој натпревар започнува од 18 часот, а претходно од 15 ќе играта Пролет и Бутел.

Утре на програмата се три натпревари, а дербито ќе се игра во салата „Биљанини Извори“ каде Охрид ќе го пречека Еурофарм Пелистер.

Во првиот дуел од ова коло, вчера Алкалоид славеше убедлива победа над Куманово.

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 17 КОЛО

Сабота
ПРОЛЕТ – БУТЕЛ 15.00 ч.
ВАРДАР – РАДОВИШ 18.00
Недела
СТРУГА – ПРИЛЕП 16.00
ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 18.00
ТИКВЕШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 18.00
Петок
АЛКАЛОИД – КУМАНОВО 40-25