Машката ракометна Супер лига, денеска и утре, ги носи натпреварите од шеснаесеттото коло.
Вниманието секако ќе биде насочено кон Битола, каде ќе се игра големото дерби. Таму шампионот Еурофарм Пелистер го пречекува вицепрвакот Вардар.
Ова е дуел на двете првопласирани екипи на табелата. Вардарци се лидери со максимални 15 победи во исто толку одиграни натпревари. Пелистерци досега имаат 13 победи, два пати одиграа нерешено (со алкалоид) и беа поразени од Вардар. Поразот дојде на гостувањето во Скопје, на почетокот на декември кога црвено-црните славеа со 31-28.
Избраниците на Чупиќ ќе се обидат да останат „перфектни“ и по ова тешко гостување, а во најмала рака да бидат и натаму единствената не поразена екипа. Од другастрана, зелено-белите, по промената на тренерската позиција, ќе сторат се да му го нанесат првиот пораз на Вардар.
Домашниот терен секако ќе биде предност на шампионот, но и скопјани ќе имаат поддршка од своите навивачи во салата „Боро Чурлевски“.
Дербито Еурофарм Пелистер – Вардар ќе почне од 18 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 16 КОЛО
Среда
Е. ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР 18.00 часот
КУМАНОВО – ПРОЛЕТ 19.00
ТИКВЕШ – ОХРИД 19.00
ПРИЛЕП – АЛКАЛОИД 19.30
Четврток
Е. ПЕЛИСТЕР-2 – БУТЕЛ 17.30
РАДОВИШ – СТРУГА 19.00





































