Во НБА лигата се одиграа шест натпревари, а најмногу внимание привлекоа новата победа на шампионот Оклахома Сити Тандерс и блескавата партија на Џејлен Браун за Бостон Селтикс.
„Тандерите“ продолжуваат со неверојатна серија и ја запишаа својата 21-ва победа сезонава, останувајќи со само еден пораз, оној од Портланд.
На гостувањето кај Голден Стејт Вориорс славеа со 124:112 и ја продолжија победничката низа на 13 натпревари. Шаи Гилгиус-Александер повторно беше лидер со 38 поени, три скока и четири асистенции. Џејлен Вилијамс додаде 22 поени, а Чет Холмгрен реализираше 21 и ја заокружи силната офанзива на шампионот.
Во Бостон се играше дербито на Истокот меѓу Селтикс и Њујорк Никс. Домашниот тим успеа да слави во „ТД Гарден“ со 123:117 и ја потврди добрата форма.
Џејлен Браун беше најзаслужен за победата со 42 поени, четири скока и четири асистенции за 39 минути на паркетот. Дерик Вајт додаде 22 поени, а Анферни Симонс имаше 12 со еден скок и три асистенции. Кај Никсите, Микал Бриџис беше најдобар со 35 поени, шест скока и три асистенции, додека Карл Ентони-Таунс постигна 29 поени и собра седум скока.
Ова беше четврта победа на Селтиксите во последните пет натпревари и уште една потврда дека тимот е во подем и има јасна цел да остане меѓу водечките сили на Истокот.
Резултати на останатите натпревари:
Филаделфија – Вашингтон 121-102,
Торонто – Портланд 121-118,
Њу Орлеанс – Минесота 142-149,
Сан Антонио – Мемфис 126-119



































