Во вториот натпревар од претквалификациите за Евробаскетот 2029 година, машката сениорска репрезентација на Македонија славеше тешка победа над Ирска. На гостувањето во Даблин, македонските кошаркари го скршија отпорот на противникот во финишот и славеа со 76-68.
Одлично отворање со серија од 8 поени имаа домаќините кои во текот на првиот период постојано беа во предноста. Ирците го добија првиот квартал со седум разлика 27-20. На средина на втората, Ирците има и двоцифрена позитива (35:25). Сепак, црвено-жолтите не се предатор и не само што го надополнија заостанувањето туку, на полувреме заминаа и со предност 42:40.
Третиот квартал мина во честа промена на водството, за домаќинот четвртиот да го дочека со поен позитива. упорните домаќини не ни дадоа да водиме повеќе од три поени (58:55), водство кое го имавме во 26.минута. И некако успеаја да направат уште една промена во резултатот и последниот дел од играта да го дочекаат со предност (62:60). Со низа од шест поени Македонија го отвори последниот период . Но Ирска одговори со серија од (7-0) за нова промена на водството (69:66). Мекиќ и Вајли ја вратија на нашата страна (73:71).
А кога веќе преминавме во ново водство, повеќе не го испуштивме. Мекиќ постигна неколку поени од линијата за слободни фрлња, кога беше најпотребно, да го одбраниме и последниот обид на борбените ирски кошаркари.
Следните два натпревари македонија ќе играа на крајот на февруари почетокот на март следната година. Прв противник ќе биде Луксембург кој веќе оствари две победи во овие квалификации, а потоа црвено-жолтите ќе гостуваат кај Азербејџан.




































